Еден загинат во пожар во фабрика за oцет на Пелопонез
Во пожар што избувна во фабрика за производство и пакување оцет во близина на градот Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез, животот го загуби едно лице, а најверојатно на пожарот му претходела силна експлозија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите од противпожарната служба на Грција околу 13.30 часот биле известени за пожарот по што веднаш интервенирале 35 пожарникари, еден пешадиски тим, 11 возила и волонтери, како и цистерни од општината.
За време на гаснењето, пожарникарите извлекле безживотно тело на засега неидентификувано лице.
Локалните медиуми од Коринт пишуваат дека се слушнала силна експлозија, по што следел и пожарот, а голем дел од фабриката е изгорен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден загинат во пожар во фабрика за…
Во пожар што избувна во фабрика за…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…