Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Скопје
Вчера пред полноќ во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(56) од Скопје, и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П.(28) од Скопје.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М.(28) од Косово и возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…
85-годишен возач удрил во паркирано „БМВ“ и…
85-годишен возач вчера се забил во паркирано…
Камион со храна се преврте во Газа…
Најмалку 20 лица загинаа кога камион со…
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…