Економска катастрофа: Инфлацијата во Еврозоната руши рекорди – достигна 7,4 проценти

Стапката на инфлацијата во Еврозоната минатиот месец забележа нагло зголемување како последица на покачените цени на енергенсите.
Денеска објавените податоци говорат дека инфлацијата во областа на потрошувачката во март достигнала стапка од 7,4 проценти, споредбено со 5,9 отсто во февруари.
Пресметаната базична инфлација што не ги опфаќа цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот исто така бележи раст на 2,9 наспроти 2,7 проценти колку што изнесуваше во февруари.
Сегашната стапка на инфлацијата е повеќе од трипати поголема од таргетираните два проценти на кои се надеваше Европската централна банка. ЕЦБ предвидува дека цените на храната и на енергијата ќе продолжат да се зголемуваат во месеците што следат.
Проекциите се дека инфлаторниот притисок ќе потрае подолго од претходно предвиденото.
Се очекува пикот на основната инфлација да достигне некаде над осум проценти, со просечна инфлаторна стапка од седум проценти на годишно ниво.
Бидејќи зголемената инфлација ќе ја намали потрошувачката, се очекува 2022 да биде година на стагфлација за Еврозоната.
Најголема инфлација минатиот месец има кај цената на енергијата, со раст од 44,7 проценти наспроти 32 отсто забележан во февруари.
Цените на прехранбените производи, алкохолот и тутунот во март поскапеа за пет проценти наспроти 4,2 проценти месец претходно.
Исто така, растот на цените на неенергетските индустриски производи се зголеми на 3,4 отсто од 3,1 отсто раст во февруари. Слично е и кај трошоците за услуги кои минатиот месец поскапеа за 2,7 проценти наспроти 2,5 отсто во февруари. Последните показатели сугерираат на продолжено зголемување на инфлаторните притисоци во Еврозоната.
Инфлацијата во Германија, најголемата економија во Еврозоната, достигна рекордно високо ниво како резултат на растечката цена на енергијата. Цените во Германија минатиот месец се покачија за 30,9 отсто наспроти 25,9-процентниот пораст во февруари. Се очекува цените на енергенсите во Еврозоната да останат високи во мигови кога европските држави планираат намалување на
зависноста од рускиот гас и нафтата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко Видео) Извлечено телото и на мажот…
Извлечено е и телото на 56-годишниот маж…
Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција…
Молдавија прогласи вонредна состојба, милиони граѓани се…
Киев го нарече 1 јануари 2025 година…
Детето повредено во сообраќајката кај Рашче е…
Четиригодишното дете што беше повредено во вчерашната…
Македонците најголеми купувачи на „Тему“ од Балканот,…
Затрупана со пратки е единствената приватна пошта…