Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: Сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах
Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах, реагираат од СДСМ по денешниот настан во Владата по повод една година Влада.
– Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.
Дали човекот навистина верува во тоа што го зборува или пак знае дека текстот кој го читаше е само празно слово на хартија и нема врска со реалноста, нема врска со тешкиот живот на граѓаните?
Кој е одговорот граѓаните сметаме дека многу добро знаат. Мицкоски одново ги повторуваше истите празни флоскули, во очаен обид мислејќи дека една лага, повторена доволно пати, ќе може да се претвори во вистина.
Не може да биде точно, ниту реално, тврдењето дека Македонија е четврта најсилна економија во Европа. Вистината е сосема спротивна.
Дури и Народната банка, со која раководи Трајко Славевски, ја ревидираше проекцијата за инфлацијата на околу 4% за оваа година, додека економскиот раст, според домашните институции, нема да надмине 3%. Тоа значи реален економски пад – ситуација полоша дури и од конфликтната 2001 година, кога Македонија оствари подобри резултати.
Податоците на Евростат јасно и недвосмислено покажуваат: Македонија е последна во Европа по животен стандард. Најниската плата и најмалата куповна моќ се реалноста со која секојдневно се соочуваат граѓаните.
Во услови на ваква социјална и економска криза, Мицкоски тврди дека долгот бил намален. Но фактите говорат спротивно – само за една година, Македонија потпиша нови задолжувања од 7 милијарди евра, а најавени се уште 700 милиони за наредната година. Тоа значи дека за две години, долгот ќе достигне 12 милијарди евра – тројно повеќе од вкупниот акумулиран долг на државата во изминатите 35 години.
Парите се потрошени, а никој не знае каде завршија.
Македонија не се сака со лаги, ПР-спотови и долгови. Вистински патриотизам е да се работи за реално подобрување на животот на граѓаните, за повисоки плати, економски напредок и стабилност.
Слоганите како „Најдоброто допрва доаѓа“ не можат да ја покријат суровата вистина – ако утрото покажува како ќе биде денот, Македонија со оваа власт ја чекаат уште потешки времиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…
Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…