Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на
знаења во наведените области.
– Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени. истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ. Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при
спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти:
-урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени
површини,
-заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури,
-проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка
заштита, педолошки анализи,
-производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и
елементи),
-Вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана
дендрофлора),
-машини и механизација,
-датабази за зеленилото,
-социоекономски аспекти на зеленилото,
-стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина,
-теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во
наведените области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Чаир донира 1 милион денари за…
Советот на Општина Чаир усвои 1 милион…
Мојсоска: Пазарните инспектори пропуштиле да извршат надзор,…
Од 80 дискотеки, само 22 дискотеки имале…
Утре во Солун минута молк за загинатите…
Со минута молк утре во 12 часот…
Не успеа да се избори за живот:…
18-годишниот Вукашин од Змајево, Војводина, кој беше…
Се бара притвор за 24 лица од…
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на…