Екс-пратеник на СДCM yдpи по партијата: Македонија плати огромна цена со оваа влада со промената на името

Со преспанскиот договор, иако некои прашања, блокади се решија, но се отвори пандорината кутија и понатаму ќе видиме до каде ќе се оди, истакна при своето гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Митре Велјаноски.
Велјаноски понатаму вели дека Македонија по секоја цена не треба да влези во ЕУ.
-Ова значи промена на стратегијата, да се оди точка по точка, а да не се отвараат главните, тешките прашања. Дефинитивно, мора да се отворат и затворат тие тешки прашања, но не на штета на Македонија, затоа што ние сме уценетата странка со членството во Европската унија. Ние треба да му кажеме на секој дека не по секоја цена Македонја треба да влезе во ЕУ, вели Велјаноски.
Тој додава дека иако е решен спорот со Грција, Македонија сега има поголеми проблеми.
-Едно болно тешко прашање кое ни беше 30 години камен околу вратот го решивме со Грција, да го затворивме, но по која цена да не разговараме, бидејќи таква цена никој нема платено ниту една држава. Ја плативме цената, но сега имаме поголеми проблеми, буквално поголеми проблеми, имаме негирање на македонската нација, рече Велјановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во иста држава живееме? Каевски вели со…
Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од…
Немаше да има двојазични полициски униформи без…
Двојазични полициски униформи немаше да има без…
(Видео) Народот го измамија измамници од најдолен…
Не згрешивме ние, налетавме на будали кои…
Од СДСМ велат Касами е изгубен во…
Од владејачката партија СДСМ, денеска реагираа на…
Апасиев: СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, уште еднаш…