ЕК: Македонија и Албанија се две земји во регионот кои стопроцентно се усогласени со санкциите на ЕУ против Русија

t

Eвропската комисија ја поздрави усогласеноста на Македонија и Албанија со санкциите на ЕУ против Русија, но таргетирани финансиски компензации не се на маса, јави дописничката на МИА од Брисел.

Македонија и Албанија се две земји во регионот кои стопроцентно се усогласени со санкциите на ЕУ против Русија, за што Европската унија е многу благодарна, порача попладнево портпаролот Петер Стано.

-Борел порача дека ЕУ цени и поддржува што Македонија и Албанија се усогласени со санкциите, ова се две земји кои не ги започнале преговорите а стопроцентно се усогласени со санкциите, ЕУ ова многу го цени, изјави Стано.

За разлика од Македонија, Србија, која веќе преговара со ЕУ, не ги следи санкциите на ЕУ, а во други земји во регионот, како Црна Гора, чија економија е поврзана со руската, би можеле да одлучат до летото да ги олеснат санкциите кон Москва за да ги ублажат последиците врз домашните економии.

Стано, запрашан за ова денеска, одговори дека од земјите кандидати се очекува да се усогласат со санкциите и дека Европската комисија го цени фактот што Србија и Турција, кои не ја санкционираа Русија, ја поддржаа резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина во Обединетите нации.

Што се однесува до компензации за земјите кандидати кои се усогласени со санкциите на ЕУ, Европската комисија денеска одговори дека тоа не е предвидено и дека веќе постојат фондови за поддршка на земјите од Западен Балкан.

Европската комисија додаде дека усогласувањето со санкциите против Русија имаат за цел да ја парализираат руската економија за да не може да се финансира војната во Украина, како и да се испрати порака за заштита на меѓународниот правен поредок кој Москва не го почитува со инвазијата на Украина.

-Ако му помагате правите бизнис со некој кој врши масакр, цивилизираната меѓународната заедница треба да се придружи за да се присили Путин да прекине и да ги повлече силите од Украина, изјави Стано.

Во меѓувреме низа европратеници испратија писмо до Европската комисија за да ги замрзне преговорите со Србија поради тоа што не ги следи санкциите на ЕУ.

Комисијата денес потврди дека го добила писмото и дека навремено ќе одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ивановски пред утрешната трка: Подготвен сум, сакам…

Aтлетичарот Дарио Ивановски утре ќе ја претставува Македонија на…

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Малолетник во Струга со мотоцикл прегази девојче…

МВР информира дека синоќа во 19.50 часот…

Претрес во Охрид, приведен е дилер

На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид,…