Елитни американски вoeни единици пристигнаа во Украина

Авион со неколку десетици елитни американски војници и опрема е забележан како денеска слетува во југоисточна Полска во близина на границата со Украина, јави американската телевизија Еј-Би-Си.
Војниците пристигнаа по наредба на претседателот Џо Бајден во Полска да бидат распоредени 1.700 војници поради стравувањата од руска инвазија на Украина. Планирано е распоредување и на околу 1300 америкнаски војници во Романија.
Вчера, со авион во Полска пристигна командантот на 82. воздушнодесантна дивизија, генерал-мајор Кристофер Донаху. Инаку, на 30 август тој беше последниот американски војник што го напушти Авганистан.
Бајден нареди дополнителни американски војници да бидат распоредени во Полска, Романија и Германија за да покажат посветеност и на сојузниците и на непријателите од источното крило на НАТО поради растечките тензии меѓу Русија и Украина. Полска, членка на НАТО, се граничи со Русија и Украина, Романија се граничи со Украина. Дивизијата може брзо да се распореди во рок од 18 часа и да започне со напади со падобран за да ги обезбеди клучните цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…