Го испратија со македонското сонце, емотивен говор на ќерката на Аки: „Бегај, тато, оти им е досадно горе без тебе“

Аки Ракимовски последен пат беше испратен во загрепски Мирогој. На погребот се собраа бројни пријатели и колеги и членови на семејството.
Емотивниот говор на неговата ќерка Дина расплака многумина.
„Во една прилика рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек“, рече низ солзи Дина.
“Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато, бидејќи горе им е досадно без тебе. И знај само ти, тато, и никој како тебе“, рече таа.
„Те сакам тато“, го заврши својот говор.
Потоа започна песната I Did It My Way.
Многу хрватски музичари дојдоа за последен пат да се простат од Аки. „Нашата улица е тажна откако не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат оние што остануваат“, пишува пред бината покрај фотографијата на Аки. Ова се стихови од песната Парни Ваљак, Моја песна е лагана.
Аки Рахимовски почина на 67-годишна возраст. Легендата на екс-ју рок сцената роднините го испратија со македонското знаме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Нема активни пожари, 12 изгаснати во…
Нема активни пожари во земјава, а 12…
(Видео) Облак од чад над нуклеарката во…
Ројтерс пишува дека генералниот секретар на Обединетите…
(Видео) Му пукнал филмот: Не му давале…
Вистинска драма како од холивудски филм се…
Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи…
Биле во автомобил, а соседот со пиштол…
На 09.08.2022 во 15.00 часот во Полициска…