Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со брзина од 121 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство”, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Лицето било приведено во полициска сртаница и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„Безобѕирно управување со моторно возило”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…