Ердоган: Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во војна
Тензиите меѓу Турција и Иран се високи откако одбранбените сили на НАТО пресретнаа втора балистичка ракета истрелана од Иран кон турска територија. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше јасен во својата порака дека не сака неговата земја да биде вовлечена во војна, објави Скај њуз.
Ердоган: Ќе останеме подалеку од огнот
„Нашата главна цел е да ја држиме земјата подалеку од овој оган. Обезбедувањето на безбедноста и мирот на Турција за нејзините 86 милиони граѓани е наш апсолутен приоритет“, им рече Ердоган на своите министри вчера.
Неговите изјави на турскиот претседател дојдоа истиот ден кога беше пресретната втора иранска ракета, чии остатоци паднаа на поле во јужниот турски град Газиантеп. Првата ракета, која беше испукана неколку дена претходно, беше пресретната од воздушната одбрана додека се упатуваше кон турскиот воздушен простор.
„Минатата недела, како и денес, балистичките ракети насочени кон нашата земја беа неутрализирани навремено, а ние многу јасно ги дадовме потребните предупредувања до иранската страна. Уште еднаш нагласувам дека војната мора да заврши пред да се прошири во нашиот регион“, додаде тој.
Турскиот лидер инсистира дека активно работи на смирување на тензиите и дека одржал серија разговори со повеќе од десетина светски лидери во обид да најде излез од кризата. Вчера вечерта тој разговарал и по телефон со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Во соопштението се вели дека Ердоган му рекол на својот колега од Иран дека Турција „не ги толерира нелегалните интервенции против Техеран, како и таргетирањето на братските цели и воени бази во регионот од страна на Иран. Претседателот Ердоган изјавил дека таргетирањето на братските воени бази не е од корист за никого и дека сето ова мора да се запре“, се додава во соопштението.
Претходно, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го повика Иран да не го тестира трпението на Турција.
Ние не сме земја што лесно се провоцира. Разговаравме со нашите ирански пријатели и им рековме дека е едно е ако ракетите залутале, но ако продолжи тоа, нека бидат внимателни“, рече Фидан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Кадиров: Подготвени сме за војна со Европа,…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја изрази својата…
Кој профитира од војните? Рекордна добивка за…
Продажбата на оружје од страна на 100-те…
Руската надворешна разузнавчка служба: Српски одбранбени компании…
Според добиените информации, српските одбранбени компании, спротивно…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…