Кадиров: Подготвени сме за војна со Европа, чекаме наредба
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја изрази својата поддршка за изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за подготвеноста на Русија за војна со Европа. Тој му рече дека на чеченската армија ѝ е потребна само наредба од Москва за да започне војна со Европа, пренесе ТАСС.
„Секако нема да се двоумиме, Владимир Владимирович, чекаме наредба! Сè ќе заврши многу брзо и очигледно не во корист на оние што решија да започнат војна со Русија?“, напиша Кадиров на својот Телеграм канал.
На инвестициски форум во Москва, Путин изјави дека Русија „не се подготвува да оди во војна со Европа“, но дека е „веднаш подготвена“ ако европските земји започнат конфликт. Тој рече дека Европа „треба да биде свесна за последиците“ и повтори дека „Западот ѝ се заканува на Русија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…