Ердоган планира да се слушне со Владимир Путин за да разговара за палестинското прашање

Ердоган изјави дека планира да разговара со Путин за израелско-палестинскиот конфликт. Тој изјави дека до сега разговарал со лидерите на Палестина, Израел, Египет, Либан, Катар, Малезија. Денес тој планира да се чуе и со рускиот претседател Владимир Путин и со Генералниот секретар на ОН, Гутереш. Ердоган исто така изјави дека исклучувањето на струјата и водата во Газа од страна на Израел е прекршување на човековите права. Ердоган кажа дека не верува дека конфликтот набрзо ќе се заврши и додаде дека мора да има обид од сите меѓународни фактори за да се превенира поголема ескалација. Ердоган исто така додаде дека одлуката за испраќање на носачот на авиони со неговата флота од страна на САД ја става под знак прашање искреноста на САД за намалување на тензиите и деескалација на конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…
Нетанјаху разговарал со Рубин за продолжување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарал…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…