Објавено на:

Ердоган: Поразот на Ле Пен е победа, изгубија екстремистичките ставови

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го оквалификува како „победа“ поразот на кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен минатиот викенд на претседателските избори во Франција, пренесоа турските медиуми.

Отстранувањето и поразот на екстремистичките ставови на француските избори ми се чини дека е победа, бидејќи се од што страдаме е предизвикано од екстремизам“, изјави Ердоган.

Ле Пен, која рече дека сака да се „бори против исламистичката идеологија“ и да се залага за „забрана за носење муслимански превез во јавност“, загуби од центристот Емануел Макрон, но забележа рекорден резултат за екстремната десница, освојувајќи 41,5 отсто од гласови.

Се надевам дека како резултат на овие избори нашите односи со Франција ќе бидат многу подобри, додаде турскиот претседател.

Ердоган вербално се судри со Макрон во неколку наврати во последните години, обвинувајќи го дека „води кампања на омраза“ против муслиманите, откако францускиот претседател ја бранеше слободата на изразување по објавувањето на карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Уништувањето на Xамаc е „нереално“

Израел и неговите западни поддржувачи наместо тоа…

Телефонски разговор Ердоган-Зеленски за кризата на Блискиот…

Како што се наведува во соопштението на…

Ердоган: Ова што се случува во Газа…

Ердоган повторно не штедеше зборови за да…

Западот долева масло на огнот во Газа…

Турскиот претседател посочи на целосна неефикасност на…

Ердоган планира да се слушне со Владимир…

Ердоган изјави дека планира да разговара со…