Ердоган се нуди како посредник меѓу Иран и САД
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му понудил на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан да биде „посредник“ меѓу Техеран и Вашингтон.
Во телефонски разговор, Ердоган нагласи дека Турција е подготвена да игра улога на посредник меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), „со цел да се намалат тензиите и да се решат проблемите“, соопшти турското претседателство, според француските медиуми.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во петок наутро во Истанбул за да се сретне со својот турски колега Хакан Фидан, во обид да се избегне американски напад врз соседен Иран што би го дестабилизирал регионот.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „се надева дека нема да мора да го нападне Иран“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган се нуди како посредник меѓу Иран…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му понудил…
Нетанјаху на итен состанок за евентуален американски…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржуваше безбедносни консултации…
САД се закануваат со царини за увозниците…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со…
ЕУ ќе ја прогласи Иранската револуционерна гарда…
Европската Унија ja постигна потребната едногласност за…
САД најавија воздушна вежба на Блискиот Исток
Американските сили ќе спроведат повеќедневна воздушна вежба…