Објавено на:

Ердоган се нуди како посредник меѓу Иран и САД

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му понудил на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан да биде „посредник“ меѓу Техеран и Вашингтон.

Во телефонски разговор, Ердоган нагласи дека Турција е подготвена да игра улога на посредник меѓу Иран и Соединетите Американски Држави (САД), „со цел да се намалат тензиите и да се решат проблемите“, соопшти турското претседателство, според француските медиуми.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во петок наутро во Истанбул за да се сретне со својот турски колега Хакан Фидан, во обид да се избегне американски напад врз соседен Иран што би го дестабилизирал регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „се надева дека нема да мора да го нападне Иран“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…