Ердоган: Турција се уште може да ја блокира кандидатурата на Финска и Шведска за НАТО
Два дена откако се согласи да ја укине блокадата за влез на Шведска и Финска во НАТО, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека сепак може да ја повлече одлуката доколку двете земји не ги исполнат неговите барања.
Клучната точка на проблемот беше екстрадицијата во Анкара на курдските милитанти, осомничени за тероризам против Турција, од нордиските земји.
Ердоган тврди дека Шведска се согласила да екстрадира 73 такви осомничени.
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто, меѓутоа, во интервју за ТВ каналот „Иле“ инсистираше на тоа дека Хелсинки нема да ги екстрадира своите граѓани дури и ако Турција ги смета за терористи – освен ако тие се виновни за тероризам според финскиот закон и дека не може да ги екстрадира оние кои може „да се соочи со тортура или смртна казна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…