Ескалира состојбата помеѓу Русија и НАТО – Путин најави различни можности за воен одговор

Ако Вашингтон и НАТО одбиваат да пружат безбедносни гаранции за Русија, воениот одговор на Москва може да биде најразличен, изјави рускиот претседател Владиир Путин.
„Одговорот може да биде најразличен. Тоа зависи од предлозите кои ќе ми ги дадат воените експерти“, одговори Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“ за тоа каков би можел да биде воениот одговор на Русија ако САД и НАТО „и овој пат не слушаат“.
Истовремено, рускиот лидер нагласува дека Русија ќе настојува да постигне правно обврзувачки резултат во преговорите, а не само да ги затвори.
„Тежнееме кон решение“, рече Путин.
Рускиот претседател на годишната прес-конфенреција соопшти дека ширењето на НАТО кон исток е неприфатливо, како и дека понатамошните дејствија на Русија нема да зависат од текот на преговорите, туку од безусловно осбезбедување на безбедноста на Русија.
За потсетување, Русија на 17.декември го објави нацрт договорот со САД и НАТо кој, помеѓу останатото, вклучува одредби за взаемни гаранции за безбедност во Европа, за неразместување на ракети од среден и краток дострел во взаемен дострел и за одбивање за понатамошно ширење на НАТО на исток, вклучително и во корист на бившите републики на СССР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба: Украина ќе продолжи во битката против…
Украина ќе продолжи во битката против руската…
Путин: Цел свет им се смее на…
Светот им се смее на некои од…
Нема НАТО за Украина, туку само патоказ
Блокот предводен од САД вети „интероперабилност“ -…
Амбасадата на САД открива за што разговарале…
Силна поддршка од САД за Македонија, нашиот…
НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…
Руските сили се подготвуваат за нови напади…