Ескобар: Добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе остане посветено на европскиот пат

t

Очекуваме дека Македонија ќе продолжи по европскиот пат. Добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) која победи на изборите дека ќе остане посветено на тој пат, изјави заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет, пренесува Гласот на Америка.

На прашањето дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа сè уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите, Ескобар рече:

„Да. Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО и, верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) која победи на изборите дека ќе остане посветено на европскиот пат.

Тој нагласи дека всушност постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива.

„Така, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада“, додаде Ескобар.

Пораки за строго придржување до Преспанскиот договор и негово целосно почитување периодов пристигнаа од Грција и меѓународната заедница откако Гордана Сиљановска-Давкова кажа Македонија, а не Македонија, при заклетвата на инаугурацијата за претседател. Пораките од Грција особено се засилија и по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека негово човеково право е својата држава да ја нарекува како што сака и покрај тоа што, како што рече, употребата на уставното име во комуникацијата во и меѓу институциите останува согласно законските одредби.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и вчера повтори дека ако Македонија настојува да го оспорува јадрото на Договорот од Преспа, ќе наиде на затворен европски пат.

„Доколку настојуваат да го оспоруваат јадрото на договорот во врска со името на државата и да ја нарекуваат така како што сакаат да ја нарекуваат, тогаш ќе треба да знаат дека нивниот европски пат ќе остане затворен“, рече Мицотакис во порака до Скопје и до новата власт.

Говорејќи пред граѓаните на градот Лерин, тој додаде дека ова не го кажува со радост, бидејќи, како што нагласи, соседи сме и Грција сака да имаме добри односи.

Грчкиот премиер Мицотакис со порака дека патот на С Македонија до Европската Унија ќе остане затворен доколку целосно не се придржува до Договорот од Преспа упати и од обраќањето пред граѓаните на градот Верија во Грција.

Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ рече дека никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Договорот од Преспа за прашањето за името.

Тој посочува дека во основата на договорот од Преспа е концептот на именување, односно името Македонија да се употребува ерга омнес и да важи за сите, односно да се користи и внатре и надвор од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…