Објавено на:

Ескобар: Сите земји од Западен Балкан да го повикаат Путин на одговорност

t

Сите земји од Западен Балкан да го повикаат рускиот претседател, Владимир Путин, на одговорност, поради неговите одлуки да му предизвика нехумано страдање на украинскиот народ, апелираше денеска, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој за „Вијести“ изјави дека многумина од граѓаните на Украина, имаат длабоки врски со Русија и голем дел од нив, исповедаат длабока православна вера.

Како се одвива оваа хуманитарна катастрофа, додека се зголемува бројот на цивилни жртви, морате да се запрашате, на што е Путин способен на други места, вклучувајќи го и Западен Балкан, истакна Ескобар, коментирајќи ја Резолуцијата, освоена од Европскиот парламент минатата недела.

„Вијести“ пишува и дека со Резолуцијата, меѓу другото, се изразува загриженост поради обидот на Православната црква во земји како „Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, да ја промовира Русија како заштитник на традиционални семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и црквата“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во Украина: Над 16 милиони евра…

Украинското национално биро за борба против корупцијата…

„Форбс“ ја објави листата на градови во…

3.028 милијардери во светот се распространети низ…

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со…

Стапија на сила основните царини од десет…

Голем дел од стоките увезени во САД…

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница,…

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица…