Левица предлага намалување на работното време од осум на шест часа
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција го најави поднесувањето на Предлог-законот за скратување на работното време од осум на шест часа, без реперкусии по платите. Оваа мерка, како што посочи, не произлегува само од идеолошка определба, туку е одговор на современите општествени и технолошки промени, како и на потребата за подобар баланс меѓу работниот и приватниот живот.
Мециновиќ укажа дека во време на зголемена продуктивност и напредна технологија, работниците и понатаму се соочуваат со хроничен замор, анксиозност и отсуство на време за семејство и личен развој. Предлогот е особено значаен во услови кога минималната плата не се зголемува, како што предложи пратеничката група на Левица по барање на синдикатите, а животниот стандард стагнира.
Предлогот е заснован на бројни меѓународни искуства и анализи од Исланд, Шведска, Велика Британија, до неодамнешниот пример на Црна Гора. Спроведените практики покажуваат дека намалувањето на работното време доведува до зголемена продуктивност, намалено отсуство од работа и подобро ментално здравје, без негативни економски последици.
Левица повикува на вклучување на синдикатите, граѓанските организации и стручната јавност во натамошната расправа, со цел креирање на функционален и издржан модел. Време е работничките права да се унапредуваат не само декларативно, туку и преку системски и одржливи законски решенија, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…