ЕСМ бара 33 илјади тони мазут за РЕК Битола- на располагање има 25 милиони евра
ЕСМ бара 33,6 милиони килограми мазут за производство на струја. Количините се потребни за најголемиот производител РЕК Битола за цела година, но ако има потреба ќе се објавен и нов повик. За да се обезбедат, државните електрани издвоиле скоро 25 милиони евра.
Централата иако работи на јаглен, во зимскиот период користи и поголеми количини на мазут во производството. Ова неодамна во интервју за Телма го потврди и првиот човек на ЕСМ Узунчев.
Највеќе трошиме во зимскиот период кога јагленот односно лигнитот е утопен, влажен заради врнежите од дожд и снег и тогаш за потполнување на процесот на согорување во котелот користиме поголеми количини на мазут, изјави за Телма генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев.
Претходно со прогласувањето на кризната состојба ЕСМ од државните резерви побара половина од складираниот мазут, односно 5 милиони килограми од вкупно 10 милиони килограми кои беа на располагање.
На крајот на минатата година пак се бараа 14 илјади тони од овој енергенс и за РЕК Битола и за Осломеј. На повикот се појавија тројца понудувачи, но ЕСМ склучи договор со фирмата Пертинакс ДООЕЛ Скопје.
За новиот повик, рокот за доставување на понудите заврши пред два дена. До ЕСМ стигнале две. Но, кој ќе носи 33, 6 милиони килограми мазут во РЕК ќе се знае следната недела. Понудите се уште се разгледуваат.
Инаку, во моментов најголемите количини на струја за домаќинствата и малите потрошувачи се обезбедува од хидро. Од домашните капацитети во функција е РЕК Битола со еден блок, гасната централа Когел, хидроцентралите и ветерниот парк во Богданци. Иако, до сега имаше неколку најави дека ќе биде вклучен и ТЕЦ Осломеј во Кичево, централата не работи. Сега очекувањата се дека ќе се стави во функција идната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕСМ бара 33 илјади тони мазут за…
ЕСМ бара 33,6 милиони килограми мазут за…
Филков за случајот со судијата Ристов –…
Скандалот со пронаоѓањето на 350 илјади евра…
Протест на „Макам-транс“ на граничните премини, товарниот…
Министерството за внатрешни работи – Оддел за…
Николоски: Новите правила за транспортерите можат целосно…
Година дена алармираме за проблемот со транспортерите…
Стојаноска потврди дека преговарале со Ахмети: Само…
„Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски…