Стојаноска потврди дека преговарале со Ахмети: Само за да влезе во Владата прифати помалку министерства од ВЛЕН

t

„Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија, каде нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Влен, само да биде дел од истата оваа влада“ напиша на Фејсбук пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Таа вели „ние останавме истрајни во она што беше порака од народот – дека ДУИ мора да оди во опозиција. Друг пат, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини“.

„Прашањето е дали ваквите изјави служат за да се спречи ерозијата во сопственото членство и кај досегашните нивни поддржувачи?“ – напиша Стојаноска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Михаилов: Ова што ни се случува на…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…

„Малореканска Летна Школа – По патеките на…

Во селото Тресонче на 30 август ќе…

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…