ЕСМ се подготвува да работи на дизел додека ја чека дозволата од министерството

t

ЕСМ наголемо се подготвува да работи на дизел. Додека ја чека дозволата од животна средина за гасот да го замени со нафта, веќе ги прави подготовките и на топланите Исток и Запад.

Откако набавија десетина пумпи за дизел гориво, сега ЕСМ склучи и договор со велешка фирма за чистење на резервоарите од мазут за да може во нив да се складира дизелот. Договорот е склучен пред повеќе од една недела и за оваа услуга ЕСМ ќе плати нешто повеќе од 8 илјади евра.

Од животна средина велат дека барањето од ЕСМ за промена на дозволата се уште се разгледува. А, процедурата трае околу 3 месеци. Пред некоклу дена и министерот Нуредини истакна дека лично е против топланите да работат на дизел бидејќи тој енергенс повеќе загадува.

„Ставот на МЖСПП е дека ќе постапи согласно законските обврски, но го преферира природниот гас како енергенс кој е најповолен за животната средина или енергија која е произведена од обновливи извори на енергија. Во однос на карактеристиките на горивата, дизелот претставува поеколошко гориво во однос на мазутот, но секако емисиите при користење и на двата вида на гориво се повисоки во однос на гасот и кога работат при гранични вредности.“ велат од МЖСПП.

Против се граѓанските здруженија, но и експертската јавност и поради фактот што Скопје веќе извесно време повторно е на листата најзагадени градови. Универзитетскиот професор Ристо Цицонков за Канал 5 вели дека е недозволиво да се дозволи греење на дизел во населено место.

„Ако цената на нафтата е поефтина и тоа е причина за да се употреби нафта за греење, тоа е голема грешка. Ако има услови да се користи гас цело време да се користи гас без обзир дали е поскап или не од нафтата. Затоа што здравјето на луѓето, особено на децата е многу поскапо отколку самата нафта или самиот гас.“ изјави за Канал 5 Ристо Цицонков, универзитетски професор.

ЕСМ има обезбедено гас за топланите само за до крајот на месецов. Државните електрани остануваат на ставот дека ќе купуваат гас за кратки период со цел да се заштеди, бидејќи цената на гасот на берзите континуирано паѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска македонско-бугарски бизнис форум „До една милијарда…

Под покровителство на министрите за надворешни работи…

Добро утро со Инфомакс: Додека го вардиме…

На денешен ден, 7 декември, во 1993…

Денеска се празнува Светата великомаченичка Екатерина

Ќерка на царот Конста. По смртта на…

Метео: Променливо облачно и магливо време

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Во гранатирање почина потпретседателката на парламентот на…

Потпретседателката на парламентот на непризнатата проруска Донецка…