Објавено на:

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите: Годишно губи 286,5 милијарди евра приход

t

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5 милијарди евра приход или 33 милиони на час (околу БДП на една Финска), бидејќи не успеваат правично да ги оданочат најбогатите Европејци. Тоа би бил износот што би можел да го донесе данокот на богатство од пет отсто, покажува анализата на „Оксфам“.

Само еден процент од најбогатите во Европа поседуваат речиси половина од финансиското богатство на континентот, вклучувајќи банкарски депозити, акции, обврзници и заеми.

Милијардерите во ЕУ го зголемиле своето акумулирано богатство за една третина од 2020 година, на 1,9 билиони евра во 2023 година. Во исто време, 99 отсто од населението на ЕУ стана посиромашно.

Јазот меѓу супер богатите и „обичните“

Јазот меѓу супербогатите и „обичните“ луѓе во Европа се зголемува секоја година затоа што владите на ЕУ не успеваат да го оданочуваат фер екстремното богатство, се вели во соопштението на меѓународна хуманитарна организација.

Во Франција, просечниот човек плаќа околу 50 отсто од својот економски приход во даноци (сите заедно), додека лице од најбогатите 0,0002 отсто плаќа само два проценти. Во Италија, каде што повеќето граѓани плаќаат 40-50 отсто од приходите како даноци, милијардерите плаќаат само околу 20 отсто.

Владите повеќе не можат да имаат изговор дека ‘нема пари’ за неуспешна борба со климатската криза и ставање крај на сиромаштијата. Парите што им се потребни се во џебовите на супер богатите“, вели даночниот експерт на „Оксфам“, Кјара Путатуро.

Прогресивниот данок со стапка од 2 до 5 отсто за мултимилионерите и милијардерите во ЕУ може да донесе 286,5 милијарди евра годишно. Ова одговара на речиси 40 отсто од фондот на ЕУ за закрепнување по пандемијата, повеќе од три пати повеќе од седумгодишниот буџет за помош на ЕУ и повеќе од половина од проценетите годишни трошоци во светот за адаптација и ублажување на климатските промени во земјите со низок и среден приход.

Европска иницијатива за данок на богатство

Најбогатите луѓе во Европа се и најголемите европски загадувачи. Секој човек од најбогатите 1 отсто испушта во просек 14 пати повеќе ЦO2 од некој од најниските 50 отсто.

Како што велат од „Оксфам“, европскиот данок на богатство, исто така би можел да го реши проблемот со прекумерните емисии на супербогатите преку канализирање на нивното богатство во финансирање јавни услуги и исполнување на климатските цели.

Од „Оксфам“ велат дека седум од десет Европејци се согласуваат со оданочување на богатите за поддршка на сиромашните.

Таа хуманитарна организација, заедно со економисти, мултимилионери и политичари, ја поддржува Европската граѓанска иницијатива за европски данок на богатство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Милановиќ: Треба да се биде лојален…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска го коментираше…

Борел: Легитимно е Украина да ја напаѓа…

Нападите на Украина на руска територија со…

ЕУ не планира да ѝ ги врати…

Европската унија нема намера да ги врати…

Претседателството на ЕУ сака брз почеток на…

Украина и Молдавија можат да се надеваат…

Се намалува кредитирањето во долари во светот,…

Статистичкиот извештај на Банката за меѓународни порамнувања…