ЕУ планира данок од 3% за дигиталните гиганти – парите ќе ги користи за финансирање на новиот буџет

t

Европската Унија предлага данок од три проценти за најголемите дигитални компании, со цел да обезбеди дополнителни средства за идниот буџет на блокот. Предлогот предвидува данок за компаниите кои остваруваат најмалку 50 милиони евра годишен приход од дигитални активности во ЕУ, а на глобално ниво имаат промет над 750 милиони евра.

Данокот би се пресметувал врз годишниот нето-приход од онлајн рекламирање, дигитални посреднички услуги и податоци генерирани од корисниците.

Предлогот го претстави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во рамките на преговорите за новиот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот 2028–2034 година. Според проценките на Советот, новите извори на приходи, меѓу кои и данокот за дигиталните компании, би можеле да обезбедат околу 60 милијарди евра годишно.

Кошта нагласи дека данокот не е насочен кон конкретна компанија или држава, но предлогот може да предизвика реакции во САД, чии власти во минатото остро се противеа на европските мерки против големите технолошки компании.

Покрај дигиталниот данок, ЕУ разгледува и данок на електронски отпад, повисоки даноци на тутунските производи, како и можност за оданочување на криптоактивностите.

Предлогот за новиот буџет предизвикува поделби меѓу членките. Германија и други земји бараат намалување на расходите, додека Франција и група земји од Јужна, Централна и Источна Европа се залагаат за поголеми средства, особено за земјоделството и развојот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…

Европската Унија предлага данок од три проценти…

ЕУ ја спасува Македонија од пластичен отпад…

Европската унија од денеска, 21 ноември, го…

Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…

Унгарија се очекува да го повлече ветото…

Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…

Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…

Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…

Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…