ЕУ подготви пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас објави денеска дека Европската Унија подготвила пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела, како и помош во мапирањето на штетите.
Калас на мрежата Икс објави дека разговарала со вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делсеа Родригез, и дека ѝ ја пренела „целосната солидарност на ЕУ со народот на Венецуела и нејзиното најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски“.
Калас, исто така, го објави активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и додаде дека „неколку земји-членки (ЕУ) брзо распоредија тимови за пребарување и спасување, пожарникари и медицински персонал“.
„Сателитскиот систем на ЕУ „Коперникус“ ги поддржува службите за итни случаи, помагајќи во мапирањето на штетите и насочувањето на помошта таму каде што е најпотребна“, се додава во соопштението.
Калас заклучи дека „Европа е со Венецуела во овој момент на неволја“.
Во двата разорни земјотреси во Венецуела што се случија пред неколку дена, според најновите официјални податоци, загинаа 1.430 луѓе, а повеќе од 68.000 се водат како исчезнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ подготви пет милиони евра помош за…
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас објави…
(Видео) Катастрофа во Франција: Се урна авион…
Единаесет лица загинаа денеска кога авион се…
ВЛЕН ќе раководи со шест министерства по…
Со шест министерства – за животна средина,…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој полошо…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу…
Прилепски разбојник нападнал вработена во колонијал со…
Непознат напаѓач ја нападнал вработената во колонијална…