СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој полошо управувал со Буџетот и Пензискиот фонд
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу состојбата во пензискиот систем и државниот буџет. Додека опозициската партија тврди дека Владата го загрозува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вториот пензиски столб, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат ваквите наводи како невистинити и оценуваат дека станува збор за обид за ширење страв кај граѓаните.
На прес-конференција, Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, обвини дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски систематски го уништува пензискиот систем.
Според СДСМ, дупката во ПИОМ е зголемена на 40 проценти, а загрозен е и вториот пензиски столб. Од партијата се повикаа и на изјава на гувернерот Трајко Славески дека голем дел од идните пензионери би можеле да се соочат со ниски пензии.
Од СДСМ тврдат дека Владата размислува за пренасочување на средствата што граѓаните ги уплаќаат во приватните пензиски фондови назад во државниот фонд, оценувајќи дека таков потег би го ослабнал вториот пензиски столб и би ја зголемил зависноста на идните пензионери од државниот буџет.
Партијата дополнително обвини дека јавниот долг расте, дека буџетскиот дефицит е веќе исцрпен и дека државата во изминатите две години се задолжила за 2,5 милијарди евра, оценувајќи дека средствата не се трошат за потребите на граѓаните, туку за партиски интереси.
На овие обвинувања реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ги отфрлија како лаги и обиди за ширење паника.
Од партијата порачаа дека буџетот не е празен, дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање и дека нема простор за загриженост кај пензионерите и вработените.
„Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат дека буџетскиот дефицит не треба да се анализира преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто-домашниот производ, бидејќи, според нив, само така може да се направи реална споредба со претходните години.
„Ако не слушаат во јавност и не ги гледаат јавните настапи на надлежните ќе им кажеме дека немаат простор за грижа, како што велат. Треба да знаат дека буџетскиот дефицит не треба да го анализира преку апсолутни бројки, туку преку неговото учество во бруто домашниот производ. Само така можат да добијат реална споредба низ годините. За крај да биде јасно, малку размислете пред да излегувате да зборувате бесмислени и нереални работи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа претставниците на СДСМ, како што наведуваат, да престанат со „бесмислени и нереални тврдења“ и да не шират страв меѓу граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој полошо…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања околу…
Прилепски разбојник нападнал вработена во колонијал со…
Непознат напаѓач ја нападнал вработената во колонијална…
Централната команда на САД потврди: Почната е…
Централната команда на САД соопшти дека нападите…
САД и Иран продолжуваат со нападите, додека…
Иран и САД ги продолжија нападите во…
По оставката на Вучиќ, функцијата до избори…
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој порано беше…