ЕУ сложна: Треба да се зголемат трошоците за одбрана
Постои чувство на итност меѓу земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана поради променливото безбедносно опкружување, потврди денеска претседателот на Еврогрупата Паскал Донаху.
„Постои јасно признание дека безбедносната средина е променета и дека трошоците за одбрана треба да се зголемат. Постои чувство на голема итност поради многу настани во последните денови“, рече тој по состанокот на Еврогрупата, телото кое ги собира министрите за финансии на земјите од еврозоната.
Комесарот за буџет Пјотр Серафин исто така укажа на потребата од итно зголемување на одбранбените капацитети на Европската Унија.
„Одлуките за зајакнување на нашите одбранбени способности не можат да чекаат до следниот повеќегодишен буџет на ЕУ. Тие мора да се донесат сега“, рече Серафин во дебатата во буџетската комисија на Европскиот парламент.
Следниот повеќегодишен буџет ќе биде за периодот од 2028 до 2034 година. Иако има договор за потребата од издвојување средства за одбраната, се уште не се знае како да се финансира.
Фон Дер Лајен: Верувам дека сега сме во уште еден кризен период
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот говор на Конференцијата за безбедност во Минхен во петокот најави дека трошоците што земјите-членки ги издвојуваат за одбраната ќе бидат изземени од правилата за ограничување на буџетскиот дефицит.
Фон дер Лајен ја најави оваа мерка за ослободување на фискалниот простор во буџетите на земјите-членки за зголемени трошоци за одбраната. Станува збор за одредба за отстапување од Пактот за стабилност и раст, кој предвидува буџетскиот дефицит да не смее да надминува 3 отсто од БДП, а јавниот долг да не надминува 60 отсто од БДП.
Комисијата, исто така, ја искористи оваа одредба за време на пандемијата COVID-19 за да им овозможи на земјите-членки да финансираат мерки за помош на бизнисите и граѓаните преку поголем буџетски дефицит.
„Во претходните вонредни кризи, ги овластивме земјите-членки со дополнителен фискален простор со активирање на клаузулата за бегство. Едноставно кажано, им овозможивме на земјите-членки значително да ги зголемат јавните инвестиции поврзани со кризата“, рече фон дер Лајен.
„Верувам дека сега сме во уште еден кризен период кој бара сличен пристап. Затоа можам да најавам дека ќе предложам активирање на клаузулата за бегство за инвестиции во одбраната. Тоа ќе им овозможи на земјите-членки значително да ги зголемат трошоците за одбраната“, додаде таа.
Комесарот за економија Валдис Домбровскис рече дека Комисијата сè уште размислува дали да користи општа одредба за отстапување или национална, „што би можело да биде посоодветно на сегашните околности“. „Се уште работиме на модалитетите и ќе излеземе со предлог во наредните недели“, истакна тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…