ЕФА бара од Бугарија, да се извини за сите злосторства врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење

t

На годишното собрание на „European Free Alliance“ едногласно се изгласа декларација, со која се бара од Бугарија, формално да се извини за сите злосторства кои ги има нанесено врз македонското малцинство, за време на комунистичкото владеење. Ова на својот фејсбук профил го објави македонска национална политичка организација во Република Бугарија „ОМО Илинден“.

ЕФА повикува за:

Висока свест:

Неопходни се концентрирани напори за истакнување на сериозната ситуација со човековите права на македонското малцинство во Бугарија, конкретно адресирајќи го одбивањето на државата да спроведе над 14 решение на Судот за човекови права кои се однесуваат на регистрацијата на македонските организации, како и говорот на омраза кој тие го поднесуваат.

Правна одговорност: Европската Унија мора строго да ја повика Бугарија на одговорност за нејзините правни обврски како земја-членка на ЕУ, особено во врска со обврските за човековите и малцинските права кои Бугарија постојано не успева да ги исполни.

Ставање крај на двојните стандарди: Прекин на примената на двојни стандарди од ЕУ кон земјите-членки и земјите-кандидати во врска со заштитата и третманот на националните малцинства и унапредувањето на нивните права.

Политичка застапеност: Подигнување на сериозното прашање за вклучување на македонски претставник во Националниот совет за соработка по етничките и интеграциските прашања во Бугарија, со цел заедницата конечно да биде вклучена и претставена.

Официјално извинување за историските злосторства: Барање Бугарија официјално да се извини за злосторствата што ги извршила врз своето македонско малцинство за време на комунизмот. Ова мора да ги признае илјадниците Македонци кои беа претепани, присилно раселени, понижувани, казнувани, затворани и убивани поради изразувањето на својот етнички идентитет и противењето на бугарските политики на денационализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕФА бара од Бугарија, да се извини…

На годишното собрание на „European Free Alliance“…

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Работната група за реформи во изборното законодавство…

Меџити: Над плоштадот „Скендербег” ќе изградиме Албанска…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави…

Ризични објекти како Пулс не биле во…

Материјални докази, односно документи од Дирекцијата за…

Трошоците за живот пораснаа за 0,6% месечно…

Според најновите податоци на Државниот завод за…