Меџити: Над плоштадот „Скендербег” ќе изградиме Албанска библиотека

t

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег” во Албанска библиотека.

Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој.

„Ќе ја изградиме Албанската библиотека. Ја започнуваме постапката за трансформација на просторот над плоштадот ‘Скендербег’ во современа библиотека, отворена за учениците, студентите и сите граѓани. Таа ќе биде дом на знаењето и културата во срцето на Чаир”, изјави Меџити.

Најавата беше дадена за време на прес-конференцијата по повод затворањето на Саемот на албанската книга во Скопје, каде градоначалникот Меџити ја претстави иницијативата за формирање на Албанска библиотека како проект од особено значење за културниот и образовниот развој на заедницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…

Граѓани со часови се жалат за неподносливата…

Пожарот на косовската граница не се смирува,…

Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…

(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…

Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…

Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…

Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…