Е вака се работи: Црвена Sвезда продаде фудбалер во Астон Вила за 9.000.000 евра!
Тинејџерот Коста Недељковиќ од идната сезона ќе биде член на Астон Вила откако Црвена Sвезда ја прифати понудата вредна девет милиони евра.
Клубот од Бирмингем успеа во својот напор да го купи 18-годишниот десен бек кој блесна во првиот дел од оваа сезона, но нема веднаш да го добие затоа што Недељковиќ веќе играше за две екипи во актуелната натпреварувачка кампања – Графичар и Црвена Звезда. Тој ќе остане на позајмица во белградскиот клуб до јуни, а потоа ќе ја почне својата премиерлигашка кариера. Звезда ќе добие 20% и од следниот трансфер на младиот фудбалер, а тој е втор најскап фудбалер во историјата на белградскиот клуб по Немања Радоњиќ кој му беше продаден на Марсеј за 12 милиони евра.
Недељковиќ е најголем талент во српскиот фудбал во моментов, толку голем што и селекторот Драган Стојковиќ Пикси најави дека ќе ја смени концепцијата за Европското првенство за да има место за него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…