Трагедија: Боксер убиен пред сопругата и трите деца на празник

Американскиот боксер Дени Кели јуниор е убиен во својот автомобил додека со сопругата и трите деца оделе на божиќна вечера, пренесуваат медиумите во САД.
Кели јуниор е застрелан во сојузната држава Мерилнд, и досега не се откриени убијците.
Според првичните информации, во боксерот е пукано од друг автомобил кој застанал до неговиот. Полицијата кога пристигната на местото на несреќата го пронашла боксерот без свест, а во болница Кели јуниор е прогласен за мртов.
Полицијата се сомнева дека на убиството му претходела расправија во сообраќајот и распиша награда од 25.000 долари за информации кои ќе и помогнат во истрагата.
– „Беше прекрасен татко, кој си обожуваше своите деца. Патувавме насекаде за да ги гледаме неговите мечеви кои ги завршуваше за 30-тина секунди. Беше добар боксер“ – изјави бабата на боксерот, Бернарди Вокер.
Дени Кели јуниор во професионалната боксерска кариера имаше скор од десет победи и четири порази, а последниот меч го одработи пред две години кога го нокаутира Ник Киснер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српски државјанин убиен во Софија!
Српски државјанин е приведен синоќа во Софија…
Притвор за 25-годишникот од Струмица кој ја…
Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО…
Кој “ќари” од војната? Лани била најуспешна…
Продажбата на американско оружје во странство се…
САД контра Турција: Шведска и Финска се…
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави…
По Бајден и Трамп, доверливи документи пронајдени…
Адвокатот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс открил…