Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија Б-2 бомбардери, прва употреба на МОП-бомби за пробивање бункери
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи пред новинарите во Пентагон, изјави дека вчерашната операција во Иран „бараше голема прецизност и највисоко ниво на оперативна безбедност“, пренесува „Блумберг“.
Хегсет исто така рече дека нападите, наречени „Операција полноќен чекан“, ја означуваат првата борбена употреба на т.н. бомба за пробивање бункери.
„Во тој поглед, ова беше историски момент – напад кој ја вклучи најдолгата мисија на бомбардерот B-2 Спирит од 2001 година наваму, и првото оперативно користење на MOP – масивниот пробивачки експлозив (massive ordnance penetrator)“, изјави Хегсет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Рубио: Гренланд ќе биде првата линија на…
Военото присуство на САД на Гренланд ќе…
Трамп: Америка се врати и ѝ оди…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пред Генералното…
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…