Жан Митрев повикан во обвинителство да даде исказ!

t

Инфомакс дознава од Основното јавно обвинитество – Скопје дека доктор Жан Митрев денеска во обвинителството ќе дава исказ за случувањата во неговата болница.

Според нашите информации Митрев е повикан поради случајот „Нечиста крв“ голем скандал во кој болницата и Жан Митрев лично се посочуваат како одговорни за смртта на стотици пациенти во оваа здравствена установа за време на пандемијата од коронавирус.

Во болницата за време на пандемијата се наплаќале грдни пари за експериментални терапии, а голем број пациенти ги загубиле своите животи како резултат на болнички инфекции.

Покрај македонските државјани кои покренале постапки пред правосудните органи, во најава се над 150 тужби против Жан Митрев поради починати пациенти од Косово, Албанија, Црна Гора и Србија.

Истражувачката репортерска лабораторија (IRL) го објави документарниот филм “Нечиста крв“ во кој се појавија сомневања дека во клиниката Жан Митрев се вршеле експерименти врз пациенти болни од ковид-19, каде некои од нив биле заразени со бактерии, како Од 6.000 до 12.000 евра чинеше десетдневна полуинтензивна нега на пациенти со КОВИД во болница во Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје покрена прелиминарна истрага и спроведени се вонредни контроли на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, откако во јавноста беа обелоденети сомнежи дека се вршени експериментални третмани на пациенти во таа установа. Денешниот исказ на Жан Митрев е само потврда дека истрагата е во полн ек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Куба е во мрак, Кубанците пак…

Протести избувнаа низ Хавана, при што жителите удираа…

Иницијативата за преименување на тетовските улици донесе…

Седницата на Советот на Општина Тетово што…

(Фото) ВАШИНГТОН ТАЈМС ВО 1903-та: Близу половина…

Наспроти тезата за „настанокот на Македонците“ од…

Српскиот граѓанин кој беше повреден за време…

Српски државјанин (61) е повреден за време…

АфД го обвини Мерц дека ги става…

Поддршката за Украина повторно предизвика остри политички…