Жерновски: Премиерот требаше да си поднесе оставка

t

„Во нормална држава премиерот Христијан Мицкоски требаше оставка да си даде откако призна дека му се јавувал на државниот јавен обвинител за предмет“.

Ова синоќа во 24 анализа на тв 24 го изјави секретарот за меѓународна соработка на СДСМ – Андреј Жерновски .

Тој рече „Премиерот требаше да си поднесе оставка. Заслужува интерпелација, треба да ја размислиме таа опција. Ова не се брани“.

„Во една држава премиер да му се јави на државен јавен обвинител е повод за оставка веднаш. Во нормална држава премиерот си дава оставка. Не е за смеење премиер да му се јави на јавен обвинител за предмет. Мицкоски го прекрши законот, законот бара оставка“- изјави Жерновски.

Оваа опција за интерпелација, која Жерновски вели дека Мицкоски ја заслужува, доаѓа откако премиерот кажа дека се слушнал со државниот јавен обвинител Ненад Савевски и очекува предметот за набавката на мазут да биде повторно разгледан.

Дека телефонски зборувале потврди и Савески, но тврдеше дека не разговарале за детали од предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жерновски: Премиерот требаше да си поднесе оставка

„Во нормална држава премиерот Христијан Мицкоски требаше…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го надмина и Заев, како…

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики…

Апасиев: СДСМ го напушти процесот за воведување…

Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието,…

Манасиевски: Филипче призна дека имаат исти позиции…

Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека…

СДСМ: Гоце Делчев би се згадил од…

Соопштение за јавност Внукот на Гоце Делчев,…