Манасиевски: Филипче призна дека имаат исти позиции со Бугарија и дека нема проблем да бидеме „северномакедонци’’
Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија. Пиунот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани северномакедонци, вели на прес конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти кои не нарекуваат „северномакедонци’’. Филипче е главниот лобист на Бугарија во Македонија за внесување на Бугарите во уставот, а потоа и за менување на идентитетот, јазикот, културата и историјата“, рече Манасиевски.
Тој вели дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче е единствениот политичар во Македонија кој е најгласен за уставните измени.
„И кога мислевме дека не може подолу, Филипче повторно вели, зошто да не ги внесеме Бугарите во уставот, кога тоа не е никаков ризик, ниту пак го загрозува нашиот идентитет. Сето ова, додека бугарската министерка Петрова Чамова вели дека сме „северномакедонци’’. Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија, кој е најгласен за уставните измени. Филипче треба да одговори, а не да молчи, со што е уценет од група на бугарски политичари за да води ваква антидржавна политика“, посочи Манасиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…
Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…