Жителите во Тетово немале вода за да го изгаснат пожарот

Од пожарот што денеска попладне, околу 19 часот избувна во куќа во населба Поток во Тетово, едно лице завршило со изгореници по лицето и телото, и е пренесено во Тетовската болница но е вон животна опасност.
“Пожарот најпрвин избувнал во првата куќа од мојата десна страна, но бидејќи куќите се залепени една до друга, пожарот на брзина ги опфатил и другите две куќи. Од овој пожар останало повредено едно лице кое е вон животна опасност, и се наоѓа во тетовската болница”.
Командантот на пожарната во Тетово Ука Алити, за Алсат изјави дека требале 15 пожарникари да интервенираат за пожарот да не се прошири во другите куќи.
“Од овој пожар се опфатени четири или пет куќи, затоа интервенираме со четири камиони и околу 15 пожарникари. Сите куќи се залепени една до друга но правиме максимални напори за локализирање на пожарот”вели командантот на пожарна Тетово.
Жителите кои први го виделе пожарот излегле да помогнат, меѓутоа немањето на вода во оваа населба, ја онеовозможи нивната помош.
“Со вода проблем сме имале нонстоп и лето и зима, видовте сами колку притисок има, и да сакаш да гасиш неможеш“ вели жител
“Незнам како се случи овој пожар. Комшии смо ама не знам како се случи. Наполнивме и кофи и буриња ама што ќе полниш нема вода . Не е само сега, нонстоп немаме вода. Траба општинарите да видат и овде луѓе живеат, еве пожар се случи немаме со што да гасиме“ вели друг жител.
Од пожарот кој избувна попладнево, две куќи изгореа целосно а три други, остана без кров, и со големи материјални штети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Жена прегазена од комбе во Тетово, со…
Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…
Затворени два угостителски објекти во Тетово и…
На 19.03.2025 во период од 10 до…
Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…
Уште еден инцидент со прегазен пешак се…