Mедициските сестри од Тетово најавија протест во Скопје ако не се исполнат нивните барања

t

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово, кои протестираа една недела, ќе им бидат продолжени договорите за работа до декември.

Сепак, како што бараат, редовни решенија за вработување нема. Денеска директорот на болницата ги информираше дека ова е привремено решение. Медицинските сестри се незадоволни и најавуваат дека ќе продолжат да бараат решенија за редовно вработување.

„Едно од нашите барања беше да добиеме решенија за работа, а другото беше исплата на неисплатените плати. Исто така, да имаме договор на дело за да не работиме без плата. Едно од барањата беше прифатено од институцијата во која работиме, односно директорот не информира дека договорите ќе ни бидат продолжени до декември. Сепак, за  првото и најважното барање треба да се обратиме до Министерството за здравство, за Министерството да поднесе барање и молба за одобрување на решенијата“, вели Флутура Ислами.

139 медицински сестри и технички персонал од Клиничката болница Тетово, една недела по ред протестираа поради неплаќање на платите и поради нивниот работен статус. Тие денеска изјавија дека доколку не се најде решение за нивниот статус, протестите ќе ги продолжат во Скопје пред Министерството за здравство.

Прочитајте повеќе на ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…