Забрана за движење во шума: Казната е до 2.000 евра!

t

На барање на ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, даде согласност за воведување целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

„Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до процената дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат“, се вели во соопштението од Центарот за управување со кризи.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе им биде изречена казна од 1.500 до 2.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана за тешки товарни возила на неколку…

Сообраќајот на државните патишта се одвива по…

Забрана за движење на тешки товарни возила…

Превентивно, поради врнежи од снег, е воведена…

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила…

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно…

Забрана за камиони на патот Маврово-Дебар

Од 12:10 часот има забрана за сообраќај…

Укината целосната забрана за движење во шума

Укината целосната забрана за движење во шума…