Забрана за движење во шума: Казната е до 2.000 евра!
На барање на ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, даде согласност за воведување целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.
„Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до процената дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат“, се вели во соопштението од Центарот за управување со кризи.
Оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе им биде изречена казна од 1.500 до 2.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Казни од 1.500 до 2.000 евра –…
Од 1 јули до 31 август се…
Голем шумски пожар во Шпанија: изгореа 330…
Големиот шумски пожар кој избувна во петокот…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…