Заврши истрагата против Медведчук, му се заканува затворска казна
Украинското Државно истражно биро ја завршило истрагата против, според Ројтерс, прорускиот политичар Виктор Медведчук, кој е обвинет за предавство, објавија денеска властите во Киев.
Медведчук, кој во Киев е опишан како еден од најблиските пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, се соочува со затворска казна до 15 години доколку биде обвинет за предавство и кршење на законите и обичаите на војната, додаде украинското биро.
Во извештајот на бирото се наведува дека Медведчук им пружил помош на руските лидери со извршување на субверзивни активности против Украина, вклучително и собирање информации за воени локации.
Медведчук е лидер на Опозициската платформа – За живот.
Тој ги негираше обвинувањата и беше приведен во април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Иран размислувал да изврши ракетен напад врз…
Иран размислувал за можноста да изврши ракетен…
Потврдени 236.066 загинати руски војници во Украина,…
Рускиот независен медиум Mediazona и рускиот сервис…