Заврши средбата на Зеленски со европските лидери
По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел Макрон, Фридрих Мерц и Володимир Зеленски се збогуваа на влезот во резиденцијата на британскиот премиер.
Потоа Мерц и Макрон заминаа, додека Стармер и Зеленски се вратија на Даунинг стрит 10.
Не се очекува да се одржи прес-конференција за напредокот на разговорите, но се очекува писмена изјава, која треба да даде некои детали за она што беше кажано.
„Разговорите со претставниците на САД за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и едноставни“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот синоќа пред планираните консултации со европските лидери во наредните денови.
Зеленски разговараше во саботата со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Планирани се понатамошни разговори во Брисел.
Трамп го обвини Зеленски дека „сè уште не го прочитал“ предлогот за нов мировен договор и рече дека „не е сигурен дали Зеленски ќе се согласи со предлогот“. Зеленски, од друга страна, вели дека „американските претставници ги знаат основните украински позиции“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши средбата на Зеленски со европските лидери
По повеќе од два часа на Даунинг…
„Проектите без економска логика не носат развој,…
Проектите без економска логика како јасен индикатор…
СДСМ: Мицко, малиот Вучко, копира сè што…
Имаме и ние „Ќаци“ препишувачи. Ова безидејно…
Од попладнево „Богородица“ и „Меџитлија“ се блокирани…
Од 11 часот сообраќајот на граничниот премин…
Орбан: Брисел се подготвува за војна до…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека…