Од попладнево „Богородица“ и „Меџитлија“ се блокирани за влез и за излез, а на „Дојран“ се очекуваат задржувања
Од 11 часот сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ („Евзони“) кон соседна Грција е блокиран за влез и за излез од земјава, а на „Меџитлија“ („Ники“) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Засега сообраќајот на преминот „Дојран“ се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
Како што претходно соопштија од АМСМ, на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ за излез од земјава утрово се чека од половина час до 40 минути.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење и почитување на поставената сигнализација на делниците каде што има можност од појава на одрони, како кај Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…
Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…