Заев и Филипче во Анталија на дипломатска средба

t

Екс-премиерот Зоран Заев, заедно со екс-министерот за здравство Венко Филипче попладнево биле забележани на скопскиот аеродром како се качуваат на авион во правец кон Истанбул, кон Атналија, а како што дознаваме на дипломатска дипломатски форум.

Заев и Филипче својата професионална релација ја префрлија и на приватно ниво, па сега често може да се видат заедно како возат мотори, заедно одат на скијање во Швајцарија, возат мотори.

Посетата не била од приватен карактер, туку станува збор за посета на дипломатски форум во Анталија, каде земјава имаше и официјална делегација. На форумот беше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу. Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Северна Македонија со своите соседи, напиша поранешниот премиер Заев на Фејсбук по посетата и објави низа фотографии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новата година ја дочекаа и Обединетите…

Новогодишната ноќ во Дубаи беше прославена свечено,…

(Фото) Македонски државјани купиле 55 имоти во…

Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во…

Шанел одби да ѝ продаде чанта на…

Захарова за скандалот „Шанел“: Некогаш со нацистите,…

Заев и Филипче во Анталија на дипломатска…

Екс-премиерот Зоран Заев, заедно со екс-министерот за…

(Видео) Битиќи ќе учи од Дубаи –…

Во продолжение интегралното обраќање на заменикот на претседателот…