Заедничка света архиерејска литургија на тројца владици од МПЦ-ОА, ГПЦ и БПЦ

t

Заедничка света архиерејска литургија на тројца владици од трите сестрински цркви Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), Грчката православна црква (ГПЦ) и Бугарската православна црква (БПЦ) денеска се служеше во прилепската црква „Свето Благовештение“.

Заедничка литургија МПЦ ОА, ГПЦ и БПЦ

Заедничката литургија од трите сестрински православни цркви ја служеа митрополитот во мирување Игнатиос од ГПЦ, старозагорскиот митрополит Киприја од БПЦ и митрополитот Петар од МПЦ-АО, а на покана на митрополитот Петар. Ова е првпат да се служи во прилепскиот храм „Свето Благовештение“.

-Во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп, митрополитите на трите сестрински православни цркви за првпат заеднички ја служеа литургијата, како потврда на признавањето и рамноправноста на сестринските цркви. Сите заедно од светата чаша се причестија: и Грк и Бугарин и Македонец. За Христос не е битна националноста, туку љубовта помеѓу луѓето, рече за МИА прилепскиот архиерејски намесник, отец Влатко Ристески.

Заедничка литургија МПЦ ОА, ГПЦ и БПЦ

На литургијата присуствуваа голем број верници и посетители.

По литургијата владиците седнаа на заедничка маса, а размениле и подароци

Заедничка литургија МПЦ ОА, ГПЦ и БПЦ

Во Прилеп за првпат по 170 години доаѓа грчки владика, а бугарски по повеќе од 70 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и…

Денеска се празнува Преподобен Сисој Велики

Родум Египќанин и ученик на свети Антониј.…

Денеска се празнува Преподобен Атанасиј Атонски

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители.…

Денеска се празнува Светото царско семејство Романови

Последниот руски цар, Николај II Романов се…

Денеска се празнува Светиот маченик Јакинт

Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин.…