Замислете желба: Вечерва вистинска магија на небото, не пропуштајте го првиот дожд од метеори годинава

t

Ноќта меѓу 3 и 4 јануари нè очекува првиот дожд од метеори во 2022 година.
Претходните денови небото беше прекриено со новогодишен огномет, а ноќва нè очекува и мал природен огномет од ѕвезди кои паѓаат. Станува збор за метеорски дожд кој е активен од 28 декември до 12 јануари, но најголемата видливост ќе биде токму вечерва, помеѓу 3 и 4 јануари, а најдобро време за набљудување е од 21 до 04:30 часот, а можно е да се види околу 10 метеори секој час.

Дождот од ѕвезди кои паѓаат најдобро ќе го видите ако одите во природа, некаде надвор од градските светла и загадувањето.


Секоја ѕвезда што паѓа е желба, затоа не заборавајте да ја замислите кога ќе ја видите на небото. Желбата треба да биде позитивна, искрена и од срце, а се верува дека никому не треба да ја откривате за да ја остварите, а наместо вашата желба да замислите желба за драга личност, нека ја биде еден од вашите празнични подароци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ