Западот решен да го реши косовското прашање: Лајчак, Ескобар, Плетнер и Бон после Божик доаѓаат во Белград
Претставници на ЕУ, САД, Франција и на Германија по Божикните празници се очекува да го посетат Белград, за да се забрза решавањето на косовското прашање.
Весникот „Вечерње новости“ во денешното издание објавува дека Белград прво треба да го посетат специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, заедно со претставниците на францускиот и германскиот претседател Емануел. Боно и Јенс Плетнер, а потоа се можни посети на други функционери.
Според „Новости“ целта на тие посети е да се убеди српскиот државен врв да започне политички преговори со Приштина, што би се засновале врз француско-германскиот предлог, односно предлогот на Европската унија за косовското прашање.
Весникот додава дека тие доаѓаат пред годишнината од почетокот на војната во Украина, 24 февруари, што претставува неформален рок до кога Белград и Приштина треба да се договорат барем за нацртот на идниот договор за нормализација на односите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Македонија е и секогаш ќе биде дом…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…
Човек од Косово лажел дека има леукемија,…
Полицијата во Косово во саботата уапси човек…
ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ!
Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик…
Претседателските избори во Србија ќе бидат закажани…
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…