Запленети половина тон тутун за наргиле и над 2.000 парчиња електронски цигари

Во заедничка акција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со Одделот за крим полиција – Сектор за економски криминал и корупција на МВР, и инспектори од Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција се запленети речиси половина тон тутун за наргиле, електронски цигари и течност за електронски цигари.
Вчера на неколку локации во Скопје во рамки на координираната акција, беше извршена контрола во која беа откриени и запленети необележани акцизни производи без акцизни маркички, од кои 454 килограми тутун за наргиле, 2.290 парчиња електронски цигари со содржина од 15.130 милилитри течност за електронски цигари, информираа денеска од Царинската управа.
Со оваа заплена бил спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки од вкупно 2,5 милиони денари.
Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против инволвираните правни и физички лица се поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од Царинската управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најкреативни затвореници во светот, МВР објави видео…
Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна…
За првпат Европската регионална конференција на ИНТЕРПОЛ…
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата…
Акција на МВР: Скопјанец чувал еден килограм…
38-годишен скопјанец е уапсен денеска откако во…
Акциска контрола на МВР во угостителски објекти:…
Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до…
Акциска контрола на МВР: Казина во Прилеп,…
При спроведена контрола од страна на припадници…