Затворањето на Еуростандард банка е организиран кримина и на државна корупција: Народната банка со години дозволувала организиран масовен гpaбеж на граѓани и фирми

t

Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка обвинува дека не само што раководните лица го организирале асовниот грабеж на граѓаните, туку истиот бил организиран и со дозвола на државните фирми, кои знаеле што се случува, но не направиле ништо во врска со тоа. Како што велат од здружението, Народна банка толерирале и не направиле ништо да го спречат криминалот со време.

Во проделжение целото обраќање до јавноста на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка:

Затворањето на Еуростандард банка не е резултат само на организиран криминал, туку и на државна корупција. Раководните лица во банката го организирале и спровеле масовниот грабеж на депозити, но државните институции им го дозволиле тоа. Знаеле, гледале, но толерирале и не направиле ништо да го спречат криминалот со време. Не само морално туку и законски биле обврзани да го сопрат криминалот и да ги казнат тие што го правеле тоа. Напротив, тие го прикривале истиот со години и со тоа соучествувале во него.

Народна банка како високо поставена државна институција, законски одговорна да врши супервизија и контрола над работењето и на Еуростандард банка, е носител во таа операција. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на секторот за супервизија Викторија Глигорова се најзаслужни за нивната евидентната злоупотреба на службената положба за време на спроведувањето на грабежот во Еуростандард банка. Ниту почитувале закони ниту правила.

Според законот којшто го регулира работењето на Народна банка, оваа државна институција предводена од овие раководни лица, вршела оценка на кредитниот ризик којшто Еуростандард банка го преземала со дадените кредити откако истите биле пласирани. И тврдат дека тоа го правеле со постојани и зачестени теренски и вонтеренски контроли. Притоа, избирале примерок односно дел од портфолиото на банката и детално го прегледувале и на основа на тоа го оценувале преземениот кредитен ризик, за којшто потоа наводно преземале и спровеле корективни мерки.

Во извештајот за банката од стечајниот управник има наведено 149 фирми кои имаат спорни и сомнителни кредити, ненаплатливи или тешко наплатливи. Тоа се повеќе од половина од фирмите во кредитното портфолио на банката, а износот на таквите спорни и сомнителни кредити е фрапантни 73 отсто од вкупната кредитна изложеност на банката према правни лица. Заедно со слични ненаплатливи кредити од физички лица, сумата којашто е покрадена од Еуростандард банка изнесува речиси 60 милиони евра. Тоа се високоризични кредити кои не смееле да бидат одобрени, а биле континуирано пласирани за да никогаш не се вратат од таму каде што се земени.

Денес, најголем дел од тие фирми се или веќе затворени, пред затворање или во стечај. Тоа е резултат и на супервизорската и контролна функција на Народната банка која прогледувала низ прсти со години, свесно вршела протекции и го дозволувала овој организиран масовен грабеж на депозити на граѓани и фирми.

Очевидно, се работи за криминал којшто е толериран да се случува со години. Бежоска и Глигорова знаеле дека се случува грабеж во банката. Но, молчеле и толерирале од нив познати причини. Им дозволиле на раководните лица од Еуростандард банка да продолжат да пласираат наши депозити во вид на ненаплатливи кредити кон мрежа од несолвентни и неликвидни фирми, високоризични за соработка, без или со несоодветни обезбедувања. Добро знаеле дека во Еуростандард банка не се почитувале интерните политики и процедури за кредитен ризик како ниту одлуката за управување со истиот. Несомнено, знаеле и дека издвоените посебни парични резерви не одговараат на нивото на преземен кредитен ризик за доделените кредити.

Кога веќе знаеле за злоупотребите и малверзациите во Еуростандард банка, за делењето на високоризични кредити без соодветно обезбедување и за лошото управување со кредитниот ризик, зошто тогаш не им ги одземале лиценците за работа на раководните лица во банката? Тоа е нивна законска обврска. Зошто им дозволиле и понатаму да крадат со години?

Соучеството во криминалот односно практикувањето на високата корупција од раководните лица на Народна банка се гледа и преку нивното молчење за сомнителните трансакции преку кои се переле пари во Еуростандард банка. Доказите велат дека такви операции од страна на раководните лица во банката започнале уште во 2017 година за да истите многукратно се зголемат наредните години. Зошто Бежоска и Глигорова во име на Народната банка поднеле кривична пријава за перење пари и други приноси од казниво дело према четирите раководни лица во Еуростандард банка дури два месеци после затворање на банката во август 2020 година? Зошто таква пријава не поднеле уште во 2017 година кога веќе знаеле дека се перат пари во банката?

Наместо да има одговорност и да биде казнета, секојдневно во јавност ја гледаме и читаме гувернерката Бежоска како известува за нејзината „успешност и посветеност“ во работата. Добро ја паметиме и нејзината јавна лажна изјава пред телевизиските екрани дадена непосредно пред затворање на Еуростандард банка дека нашите депозити се сигурни и дека не треба да постои грижа. Доверените лични парични средства во лиценцирана и контролирана банка токму од Народната банка беше поради наша длабока верба во системот којшто не покраде и потоа не остави да се снаоѓаме како знаеме и умееме.

Резултат од целата операција на организираниот криминал и висока корупција во Еуростандард банка е директно покрадени над 3.000 семејства, соучество на високите претставници од Народна банка и други државни институции во грабежот на депозитите преку нивното толелирање и дозвола да тоа се случува со години и немање никаква одговорност за таквите дејствија веќе година и половина. Ќе има ли правда за оние кои се ограбени и ќе им се вратат украдените пари или ќе продолжи да се молчи од истражните институции и органите на прогон во државата? Ќе бидеме ли сведоци на селективна правда каде најчесто се казнуваат некои ситни престапи и кражби во државата додека големите риби секогаш наоѓаат начин да не бидат казнети користејќи ги токму нашите покрадени лични парични средства? И конечно, дали и оваа 2022 година ќе бидеме како држава на срамното 111 место на светската листа според перцепција за корупција или ќе се искачиме и некоја скала погоре?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…

Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…

Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…

Најголемата руска банка се повлекува од Европа

Санкциите против Сбербанк по руската инвазија врз…

Еве каква оценка и даде американската „Стандард…

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви…